
Фирмата КМС МАЛЕРИЧ од Неготино е генерален застапник на реномираната фирма за
инокс опрема КМС ИНОКС ПРОИЗВОДИ од Словенија.
КМС МАЛЕРИЧ во Македонија е присутна 5 години, а нејзиното успешно
петогодишно работење се заснова на промоција и продажба на производи
изработени од високо нерѓосувачки челик кој ги исполнува светските стандарди
за квалитет а со тоа овозможува исполнување на барањата и потребите за
ефикасна и квалитетна работа.
Од својата широка палета производи може да се издвојат
• комплет опрема за винарска визба во која се вклучуваат : млинови за грозје
со различни капацитети, водени и пневматски преси, плочести филтри, полначки,
стабилизатори, ферментатори како и најразновидни модели на цистерни со
зафатнина од 10л до 10000л за чување вино и други течности.
Како одговор на стандардно врвниот квалитет на нашите производи, модерната
технологија и иновативноста се се поголемиот број на новоизградени винарски
визби како во Тиквешкиот регион така и пошироко на целата територија на
Р.Македонија, Р.Албанија и др.
Стратегијата за развој во иднина е насочена кон формирање на сопствена
производна линија на целокупниот асортиман по лиценца на производителот од
Словенија. Оваа производство е со цел да се задоволат потребите на
купувачите за нарачка на производи по сопствени димензии од
најмодерно-технолошки иновативни програми.
КМС МАЛЕРИЧ е компанија која што го гарантира квалитетот сигурноста и
довербата, што се потврдува и со нашето мото ИМАЈTЕ ДОВЕРБА ВО НАС, НИЕ
ПОСТОИМЕ ЗА ВАС.