Препорачано

Дали преферирате бело вино или црвено вино?

Виното е направено од ферментиран сок од грозје. Грозјето се бере, се меле и се става во иноксни садови за ферментација. Ферментацијата е процес каде природниот шеќер во сокот од грозје се претвора во алкохол. Може да се направи природно, но винарите понекогаш додаваат квасец за да го контролираат процесот.

За квалитетното вино потребно е здраво грозје. При процесот на производство на вино, грозјето се притиска во преса, што ги отстранува лушпите и другите наслаги. Покрај бојата на грозјето дали е бело или црвено,  разликата во производство на бело и црвено вино е во делот на притискање на грозјето во преса кој може да биде направен пред или по ферментацијата. За да се направи бело вино, грозјето поминува низ преса а пак кората, семките и стеблата се отстрануваат пред ферментација. Кај црвеното вино пак грозјето обично се притиска по ферментација, заедно со кожите и семките.

Дали преферирате бело вино или црвено вино?
Изборот на бело и црвено вино зависи од вашиот вкус, но, ако сакате најздрав избор, некои истражувања покажуваат дека црвеното вино учествува во намалување на ризикот од срцеви заболувања и продолжување на животот. Бидејќи црвеното вино е ферментирано од кожи и семки од грозје, тоа е многу богато со растителни соединенија кои имаат многу здравствени придобивки.

Поврзани блог статии